Акција за чистење на патниот правец Косел-Ливоишта

По барање на месното население од село Вапила,  Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес спроведе акција за расчистување на расфрлан отпад покрај патниот правец Косел-Ливоишта.

„Иако овој патен правец е магистрален пат за чие одржување се надлежни од „Македонија Пат“, во интерес на граѓаните, со цел да излеземе во пресрет на нивнте барања, пристапивме кон расчистување на овој потег“. – велат од Ј.П. „Охридски Комуналец“.

Ангажирани беа 10 работници и подигнати се 50 вреќи отпад, а најзастапен е отпад од пластика, хартија и зелен отпад.

WebOhrid