Охрид од утре домаќин на консултативна работилница за воспоставување на Биосферен резерват Охрид-Преспа

Процесот за воспоставување на Биосферен резерват Охрид-Преспа под закрила на УНЕСКО е иницијатива на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во рамките за Заедничкиот Договор за заштита на истиот. Процесот напредна преку потпишување на меморандуми за воспоставување на резерватот на ниво на држави и на ниво на локални самоуправи во сливот. По консултациите со УНЕСКО сега се влегува во процес за изработка на апликацијата до УНЕСКО за воспоставување на Биосферен резерват Охрид Преспа во рамките на МАБ (човек и биосфера) програмата.

За таа потреба, во Охрид од утре, 4-ти до 8-ми Март 2013 година ќе се одржи петдневна консултативна работилница со сите фактори во овој процес.

Почетокот на работилницата е во понеделник, во 10:00 часот, во салата на хотел Милениум Палас во Охрид. 

Поздравен говор во име на организаторот Билатералниот секретаријат и во име на Националната комисија на УНЕСКО на Република Македонија ќе има Дејан Пановски, македонски претставник во Билатералниот секретаријат и член на Националната комисија на УНЕСКО од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и албанскиот претставник во Билатералниот Секретаријат г-дин Аријан Мероли.