Русија планира да купи 2000 авиони

Русија, од вкупниот буџет за одбрана до 2020 година, планира да издвои 25% за модернизација на авијацијата, односно околу 160 милијарди долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тие финансиски средства ќе се искористат за набавка на околу 2000 авиони и хеликоптери од најновата генерација, изјави Путин за време на посетата на фабриката за авиони „Чкалов“ во Новосибирск.

„Ова е единствената историска шанса да се достигнат одбранбените цели кои стојат пред Русија“, смета Путин истакнувајќи дека „тоа би требало да го направиме сега, кога имаме доволно финансии“.

Со набавувањето на толкав број на современи летала, според Путин, модерната авијација во руската војска би пораснала од досегашните 20% на дури 70%.