Петок, првиот ден на Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Петок, 17-ти јули е неработен ден за сите граѓани на Македонија по повод првиот ден на Рамазан Бајрам, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од исламска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.