Младински Совет им го честита 8-ми март на своите соработнички

Младински Совет Охрид, со букет од поезија и музика на своите соработнички им го честита меѓународниот ден на жената со желби за успешна соработка и во идниот период.

Поетско-музичкиот рецитал изобилуваше со емотивни стихови и нежни ноти посветени на жената, кои не ги оставија рамнодушни посетителите на настанот. На рециталот свои творби читаа членовите на литературниот клуб „ПОЕМА“, а преку звуците на гитара настанот го збогати Тања Ѓоргиеска од музичкото училиште „Методи Патчев“.

На настанот присуствува жени кои секојдневно се сретнуваат во јавниот, општествениот, културниот и политичкиот живот, бизмисменки, жени – мајки.

Од МСО, по повод 8-ми март, упатуваат честитка до сите жени и велат:

„Бидете внимателни да не натерате една жена да плаче, бидејќи бог ги брои нејзините солзи. Таа е создадена од машкото ребро, не од стапалата по кои се гази, не од главата да биде надмоќна, туку од реброто – да биде еднаква под раката – да биде заштитена, покрај срцето – да биде сакана!“

02 04