Во врска со денешната прес-конференција на која лидерите на Египќаните изјавија дека ќе ја дадат поддршката на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, со реакција излезе ВМРО-НП во која стои:
„На денешната прес конференција која ја одржаа Петрит Хусеин и Демир Далип излезе на виделина уште една лага за ДПМНЕ. Со самиот факт што двајцата претставници на згасната партија излегоа на прес-конференција на која дадоа некаква поддршка на кандидатот Никола Бакрачески јасно се гледа дека портокаловата елита од ДПМНЕ нема време и желба во својот луксузен штаб да организира прес-конференција со Демир Далип, ниту да застане до него и да се фотографира, но ја сака неговата поддршка.
Изминатите години Демир Далип се сликаше, бакнуваше и гушкаше со сите чинители на ДПМНЕ на официјални прес конференции кои се организираа или во седиштето на ДПМНЕ во Охрид или во закупени луксузни сали во најскапите хотели во Охрид, а овој пат Демир и Петрит останаа сосема сами, во скромните простории на нивната згасната партија во која нема стапанто никој од ДПМНЕ, а нивниот кандидат за градоначалник веројатно не знае ни каде се наоѓа.
Се прашуваме дали ДПМНЕ ги сака гласовите на Египќаните, а нивниот кандидат и носителката на листа не сакаат да се фотографираат или изгушкаат со нив? И зошто не сакаат? Што ги одвраќа да ги примат во штабот и да одржат заедничка прес-конференција? Дали се предрасудите и дволичноста толку видливи?“ – стои во реакцијата од ВМРО-НП.