Хрватска е осма најпопуларна дестинација за годишен одмор на европските туристи во 2013 година, покажуваат податоците од Европската комисија.
Според истражувањата, хрватската туристичка понуда е на прво место во оценувањето на Словенците, Словаците, Чесите и Унгарците.
Анкетата е спроведена во голем број земји, најголемиот дел од нив се членки на ЕУ.
Најпопуларни дестинации се Шпанија, потоа следи Италија, Франција, Австрија, Германија…
Интересен податок е дека во Велика Британија никој од испитаниците не ја посочил Хрватска, иако во изминатите години во Хрватска регистрирани се 300.000 британски туристи.