Над 900 мртви свињи пронајдени во река близу Шангај

Повеќе од 900 мртви свињи се пронајдени во реката Хуангпу, која е извор на питка вода за жителите од Шангај, најнаселениот кинески град.

Лешевите од свињите најпрво биле забележани во областа Сонгјианг, во горниот дел на текот од реката Хуангпу, соопштуваат од локалното биро за води, од каде тврдат дека квалитетот на водата не е променет.

Локалната служба за животна средина соопшти дека процесот на дезинфекција на водата е зголемен, а со тоа и контролите врз водата.

Управата за земјоделие покрена постапка за утврдување на потеклото на свињите, како се нашле тука. Оттаму тврдат дека во Шангај нема никаква епидемија ниту болест кај животните.