Пакистанската полиција уапси 11 деца на возраст од 8 до 11 години, кои терористите ги користеле како бомбаши бидејќи не делувале сомнително кај полицијата.
Полицијата во Белуџистан при рација во едно скривалиште ја уапсила оваа група од 11 деца, додека пак 8 возрасни лица успеале да побегнат.
Обединетата војска на Белуџистан е една ослободително-терористичка група која со децении се бори за осамостојување на Белуџистан, најголемиот и најслабиот населен пакистански регион кој се граничи со Иран и Авганистан.
Децата се користат за бомбашки напади или за пренос на експлозиви, потекнуваат од многу сиромашни семејства.
Терористичката организација им плаќа на нивните семејства од 25 до 50 долари, а децата дури и не знаат што пренесуваат. Тие се најдобри за такви задачи бидејќи не и делуваат сомнително на полицијата.