Има ли нафта на дното од Охридското Езеро или можеби уште едно неоткриено езеро?!

Огромни кранови, дигалки, контејнери, метални челични цевки и огромна машина-дупчалка се само дел од „реквизитите“ кои деновиве ќе отпловат на средина на Охридското Езеро на веќе монтираната платформа донесена специјално од Англија, каде ќе се дупчи на повеќе од 2000 метри длабочина под езерото.

Elesec2

Оваа необична активност која ја нарачал Геолошкиот Завод на Македонија, има за цел, како што кажаа затекнатите работници на проектот, да ја испита староста на Охридското Езеро. Таму, на длабочина од 2000 метри, ќе се изврши дупчење и ќе се земе одредена количина земја со чија анализа ќе биде утврдена староста на Езерото. Вака ја објаснија целта на овој проект вработените во Факом кои се позајмени работници во извесната англиска фирма која пак работи по налог на Геолошкиот Завод од Македонија.

Elesec4

Проектот за испитување ќе трае два месеци по што платформата на која ќе биде монтирана дупчалката, заедно со неа ќе биде вратена на брегот кај Елешец.

Elesec3

Колку е ова точно и колку е токму со ваква цел, останува да веруваме, но и да провериме и кај другите надлежни. Дотогаш, во прилог на сериозноста на  необичниот и изненадувачки проект кој деновиве е отпочнат кај автокампот Елешец, оставаме на фотографиите  и на љубопитноста на граѓаните.

Можно ли е да се бара нафта или пак се бара наводното „Ново Езеро“ за кое се претпоставува дека постои длабоко под Охридското?!

Фото: ДИМ ДОН