Градоначалникот Александар Петрески денеска оствари официјална средба со делегација на општина Пантелеј, Ниш, Република Србија, предводена од претседателот на општината Срџан Савиќ.
На средбата беше констатирана потребата од поблиска соработка помеѓу двете општини, не само во областа на туризмот туку и бизнис секторот.
„Идејата е современите, модерни и квалитетни производи да се пласираат на македонскиот пазар кои воедно и ќе се произведуваат тука во Охрид. И во минатото Охрид имаше интензивна соработка со општина Ниш па таквата соработка може да продолжи и ви иднина“. – истакна градоначалникот Петрески.
Претседателот на општината Пантелеј, Срџан Савиќ го окарактеризира Охрид како препознатлив туристички центар и добра прилика за соработка.
„Нашите граѓани се бројни гости во Охрид во летниот период и оставруваат одлична соработка со бизнис секторот. Зошто да не биде исто и со останатите делови од бизнис секторите во Охрид и општина Пантелеј“. – рече Савиќ.
Во склоп на делегацијата присуствуваа и Претседателот на Здружението стопанственици од Југоисточна Србија Бранислав Михаловиќ и Претседателот на Здружението на стопанственици и занаетчии Властимир Здравковиќ.