Денес започнува пролетта

Денес, на северната полутопка на Земјата, во 12 часот и две минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски ќе започне есента. 

Пролетта ќе трае 92 дена односно до 21 јуни во 7 часот и 4 минути кога календарски ќе почне летото. Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и пет минути.