Најмалку 42 лица вчера се убиени, а 84 повредени во силна експлозија во џамија во сирискиот главен град Дамаск, соопшти сириското Министерство за здравство.
Сириската телевизија “Ал Ихбарија” емитувала ужасна снимка во внатрешноста на џамијата, каде што можеле да се видат десетици тела и екстремитети на крвавиот под, како и спасувачите кои ги изнесуваат телата од џамијата.
Целта на „терористичкиот самоубиствен напад“ била џамијата Иман во центарот на Дамаск, а во нападот загинал истакнатиот верски лидер Мохамед ал-Бути и неговиот внук.
Според првичните изјави, експлозијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец, кој влегол во џамијата, и кренал се во воздух.
Бути бил истакнат сунитски верски лидер во Сирија, чии говори на петочните молитви често се емитувале на националната телевизија.