Во анкетата на WebOhrid „Дали ќе излезете да гласате на 24-ти март?“, учествуваа 353 читатели. Од нив 76% ќе излезат да гласаат, 14% од испитаниците се уште не знаат дали ќе излезат на гласање, а додека пак 10% од анкетираните нема да го искористат своето право на глас, односно нема да излезат на гласање.
Утре 23-ти март е изборниот молк, а на 24-ти март е денот кога граѓаните ќе го искористат своето право на глас. Во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 50.686 граѓани.
Локалните избори во Македонија ќе се спроведат во 80 општини. Во избирачкиот список за гласање на „Локалните Избори 2013“ се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.
WebOhrid