Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 84 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе чини 70, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,541 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 42,464 денари за килограм.
Како причина за намалување на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуват за 3,1 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,96 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.