Охридските Египќани им ја честитаат победата на д-р Никола Бакрачески и на ВМРО-ДПМНЕ

Претставниците на Египќаните Петрит Хусеин и Демир Далип, во името на Охридските Египќани, му ја честитаат победата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, како и освоеното мнозинство на Листата за Советници на ВМРО-ДПМНЕ.

Демир Далип, рече дека со победата на д-р Никола Бакрачески, конечно Египќаните во Охрид добија Градоначалник кој ја донел слободата, светлината и враќање на нормалниот живот на Египќаните, посебно на оние кои биле вработени по Јавните Претпријатија и кои биле принудени наместо на работа да одат по митинзи, и конечно сега со изборот на д-р Никола Бакрачески, се отвора една нова страница на рамноправно интегрирање на Египќаните. Далип, истакна дека посебно е горд на своите Египќани, кои биле храбри и масовно гласале за д-р Никола Бакрачески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Далип најави конструктивна и пред се пријателска соработка со новиотградоначалник.

BakraceskiEgipkani8

Петрит Хусеин, истакна дека е задоволен што е реализиран неговиот сон, Охрид да прерасне во Европски Охрид, каде сите, пред се Охриѓани, и што конечно со изборот на Др Никола Бакрачески, ќе започнеле интеграциските процеси за Египќаните. Хусеин, исто така е горд што нивните приврзаници, достојно и со чист образ, гласале за „ПРОМЕНИТЕ“, кои биле неопходни за Европски Охрид.

И двајцата пред изборите ги повикаа Египќаните да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески и Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат тие Египќаните на овие Локални избори, масовно излегле на гласање, особено во Охрид.