Кривична пријава за 24 годишен охриѓанец фатен со 3 килограми марихуана

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето Џ.И. (24) од Охрид поднесе кривична пријава.

На 28-ми овој месец, околу 11 часот, кај пријавениот се пронајдени околу три килограми опојна дрога Марихуана запакована во три најлонски опаковки облепени со селотејп трака. Пријавениот Џ.И. две опаковки сокрил во две помали вреќи а третата опаковка ја завиткал во пешкир. Потоа, трите опаковки ги завиткал со платно и ги сместил во црвена платнена патна торба.

Пријавениот, опојната дрога ја набавил од лице во Албанија за сума од 500 евра. Тој имал намера да ја пренесе и преку свои канали да изврши  натамошна продажба на наркопазарот во Скопје.

Полициските инспектори го приведоа Џ.И. во близина на автобуската станица во Охрид, одкако претходно со такси патничко моторно возило направил обиколка низ повеќе улици во градот.

Инаку, пријавениот е лице кое досега не е познат на службата како извршител на вакви и други казнени дела.