Министерката Јанкулоска во посета на општина Дебарца

Министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска  ја посети општина Дебарца, каде што со жителите  разговараше за проектите кои што се дел од програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски.

„Денеска сме со граѓаните на Дебарца, да ги слушнеме нивните мислења, нивните ставови по однос на проблемите со кои се соочува општината, бидејќи очигледно е дека и покрај извонредната местоположба, географски, Дебарца е општина која за жал од страна на претходната локална власт беше целосно запоставена и токму заради тоа денеска со граѓаните комуницираме по однос на проектите кои се составен дел од програмата на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски како иден градоначалник на општина Дебарца, односно неговата понуда за решение на најгорливите проблеми на населението во општина Дебарца, бидејќи навистина со таков потенцијал и географски и природен општина Дебарца заслужува да има подобра локална власт, заслужува да има градоначалник кој ќе се грижи за жителите на општина Дебарца“. – истакна Јанкулоска.

Lesani3 Lesani2WebOhrid