Што мислат Русите и Американците едни за други

Додека Русите сметаат дека и двете земји претставуваат големи сили, ветераните на американската дипломатија истакнуваат дека за Американците во светот кој се менува, Русија повеќе го нема некогашното значење, туку дека и двете земји се борат за прилагодливо прераспределување на економската и политичката моќ во светот.
 
Поранешниот амбасадор на САД во Москва, Џејмс Колинс, истакна дека промените во светот се „голем предизвик за Москва и Вашингтон, а најважно од се е тоа што се приморани да ги преиспитаат своите акции во светот во кој не се повеќе единствени лидери“.
 
Деветте поранешни амбасадори се сретнаа во Москва по повод 80 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на САД со Советскиот Сојуз во 1933 година.
 
Џек Метлок, американски дипломат кој неколку години поминал во Москва, а амбасадор бил од 1987 до 1991, истакна дека повеќето од Американците воопшто не ги интересира Русија, додека пак од друга страна, Русите бурно реагираат на политиката на САД. Единствено оној мал дел од Американците кои ги интересира и светот најчесто се однесува на Блискиот Исток и Кина, истакна Метлок.
 
Јуриј Дубињин, советски амбасадор во Вашингтон од 1986 до 1990, рече дека „Русија и САД остануваат големи дипломатски сили“, и покрај економските и политичките пресврти во последните децении. „Светот така ги гледаше во минатото, така ги гледа и сега“, истакна Дубињин.
 
Неговиот наследник на местото амбасадор на Русија во Вашингтон, Александар Бешмертњик, изјави дека „оние кои знаат како да управуваат со односите“, треба да ја зајакнат дипломатијата ширум светот.