Климатолозите кои работат во винската индустрија предвидуваат зголемување на температурите од еден до два степени до 2050 година, со екстремни и чести климатски промени кои можат да ја загрозат бербата на грозјето.
Минатата година периодот за берба на грозје беше најкраток во последните 40 години.
Недостатокот од вода, температурните промени, поројните дождови и градот, мошне лошо влијаат на содржината на шеќер и танин во грозјето.
Таквите промени ќе имаат влијание на вкусот на виното, идентитетот на производот и квалитетот на родот. Доколку потрошувачите ги прифатат тие промени, тогаш нема да има проблем, но ако е спротивно, произведувачите ќе мора да се прилагодуваат на новите услови.
Климатските промени погодуваат повеќе региони. Тасманија, Нов Зеланд, Чиле, Онтарио, Велика Британија, Рајнската област во Германија, тоа се региони на кои овие промени може да им бидат во прилог.
Франција најверојатно ќе мора да користи нови видови на винова лоза од региони со потопла клима, како на пример Грција, Сицилија, Шпанија или Португалија.