Велосипедистите на престижен камп во Манавгат, Турција

Велосипедската федерација на Македонија по покана на Турската велосипедска федерација учествува на престижен велосипедски камп во Манавгат Р.Турција заедно со Германската репрезентација.

Овие подготовки се резултат на соработката за подршка и развој на велосипедскиот спорт што го има ВФМ со Турската велосипедска федерација и оваа година треба да се потпише Меморандум за соработка кој ќе опфати повеќе дејности.

Велосипедската федерација на овој камп учествува со пет велосипедисти од репрезентацијата кои се потенцијални учесници на летниот Олимписки фестивал за млади и Медитеранските игри Мерсин 2013.

Кампот се одржува од 24.03. до 05.04.2013 и организацијата на истиот е на високо ниво со врвни тренери од овој спорт каде се организира тренерски семинар со тренери од Турција, Германија и Холандија. ВФМ го испрати како тренер Стефан Петровски за кого очекува да се стекне со соодветна лиценца за тренер.

Репрезентацијата е составена од: Андреј Петровски, Драган Цветков, Кристијан Николов и Денис Колевски, посебни се очекувањата што ги има ВФМ од Андреј Петровски кој живее во Германија и е првак на Хесен, тој има одлично време на писта дисциплина која не се негува во Македонија и е еден од подобрите велосипедисти од својата возраст во Германија во Друмски велосипедизам и во Вело-Крос, оваа година за прв пат ќе учествува на јуниорските Светски и Европски првенства и на трки за Светски купови. Драган Цветков, Кристијан Николов и Денис Колевски кој се кадети во месец мај имаат трка за UCI бодови во Србија и Бугарија и се потенцијални учесници на летниот Олимписки фестивал за млади.