Како претседавач на Подкомитетот за царина и потекло на ЦЕФТА во 2013 година, Царинската управа на Република Македонија на 3-4 април организираше регионална работилница за Овластен Економски Оператор (ОЕО) и можностите и начините за создавање на ОЕО ЦЕФТА програма што ќе биде компатибилна со програмата на ОЕО на ЕУ и ќе овозможи олеснување на трговијата. На работилницата присуствуваат претставници од Царинските управи на ЦЕФТА земјите (Република Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдова, Хрватска, Црна Гора), Царинските управи на Австрија, Холандија, Велика Британија и Секретаријатот на ЦЕФТА.
Царинската управа на Република Македонија посветува големо влијание на олеснувањето на трговијата, преку олеснување на царинските постапки, без притоа да се наруши сигурноста и безбедноста и контролата на стоката.
Министрите за трговија на земјите членки на ЦЕФТА на состанокот одржан во ноември 2012 година ја нагласија потребата за приоритизирање на регионалните напори за олеснување на трговијата, со цел да се постигнат конкретни и мерливи резултати што ќе имаат позитивно влијание на ЦЕФТА економиите. Во таа насока предвидени се мерки за подобрување на управувањето со ризикот, особено во делот на царинските постапки, како и кај сите гранични агенции што се присутни на граница.
Работилницата претставуваше одлична можност за започнување на подготовките за навремено отпочнување на воведувањето на концептот на ОЕО во Република Македонија, ЦЕФТА земјите и меѓусебно признавање на одобренијата за Овластен Економски Оператор. Во рамките на работилницита учесниците го посетија седиштетото на Алкалоид – Скопје и можностите за воведување на ОЕО.