Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека под влијание на циклонска активност и постудена воздушна маса, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со услови за врнежи од дожд.
Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови каде се очекува да наврнат до 30 литри на метри квадратни.
Утре ќе дува умерен северен ветер, што ќе придонесе и мал пад на температурата, која ќе се движи од 3 до 10 степени во Охрид.
Во текот на следната недела ќе преовладува претежно сончево време со умерена локална облачност, но секако и со услови за врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР.
WebOhrid