Циклон доаѓа кон Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност претпладне. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени. До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе…

повеќе...

Дестабилизацијата на времето ги избрка гостите од плажите

Ветерот, разбранетото езеро и слабиот дожд ги избрка туристите од охридските плажи. За момент се создаде метеж во сообраќајот од автомобили кои се упатуваа кон Охрид. Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд, а ќе дува и ветер од северен правец. Температурите ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 29 степени. Од вторник, не очекува стабилизирање на времето со постепено покачување на температурите. WebOhrid

повеќе...

УХМР предупредува на можна појава на невреме со град и засилен ветер

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер и силни електрични празнења. Локално процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме, особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник. Од УХМР најавуват дека е можна и појава на невреме со град и со засилен ветер и…

повеќе...

Од понеделник заладување за пет до шест степени

Опаѓање на температурата за пет до шест степени се очекува од утре вечер кога Македонија ќе ја зафати влажен бран, проследен со поројни врнежи, грмежи и засилен северен ветер. Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен. Поројни врнежи и грмежи се очекуваат особено во северозападните и источните делови од земјава. И во понеделник ќе има повремени врнежи дожд, најмногу претпладне. Кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста…

повеќе...

Од утре заладување и засилен ветер

Од утре Македонија ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови појава на засилен северен ветер и значителен пад на температурата. Како што најави УХМР, врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можен е снег и во пониските делови. Дневната температура на места ќе се задржи околу нулата.

повеќе...

Облачно време со дожд

Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките планини се очекува да падне снег. Според УХМР, пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови на земјата, а ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.Минималната температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 10 до 16 Целзиусови степени. За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди, а утринските температури на одредени места од земјата ќе се спуштат и под нулата.

повеќе...

Невреме со дожд, град и ветер го зафати Охрид

Попладнево Охрид го зафати кратко невреме проследено со пороен дожд, град, ветер и грмежи. Како што најавија од УХМР, во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за појава на град. Според синоптичарите, повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови кон сабота, особено во северните делови од земјата, каде на одредени места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар. WebOhrid

повеќе...

Утре и задутре локален дожд и грмежи

Утре и во среда ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70км/час. Потоа од четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови е можна изолирана појава на краткотраен дожд. Извор:Нет Прес

повеќе...

Наместо чадор – најлонско ќесе на глава

Деновиве времето е непредвидливо, што би се рекло – знае да заврне дури и кога нема облаци, па затоа, оваа бабичка се решила да патува со најлончето на глава. Покрај најлонот за заштита на патната торба, оваа бабичка на глава си ставила и најлонско ќесе за пазарење. WebOhrid

повеќе...