Пролетните температури ги намамија охриѓани да го искористат денот за прошетка. Нашите сограѓани уживаа на пријатното сонце, најчесто на клупите покрај кејот, каналот, Биљанините извори.
За денес метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд и мал пад на температурата, но веќе од наредните денови следува постабилно време, каде што нашите сограѓани, а и гостите ќе може повторно да го искористат убавото и сончево време.
WebOhrid