Денес завршува повикот за бањско климатска рекреација на корисниците на пензија за 2014 година

Се известуваат заинтересираните корисници на пензија дека повикот за поднесување на барање за користење на услугата „Бањско климатска рекреација на корисниците на пензија за 2014 година” завршува денес, 14 февруари. Барањето за користење на услугата се поднесува уште денес во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Изборот на корисниците на пензија коишто ќе користат услуга на бањско климатска рекреација за 2014 година ќе го врши Комисија за разгледување и рангирање на корисници на пензија за бањско климатска рекреација, составена од претставници од повеќе институции. Рангирањето на…

повеќе...

Пензионерите и догодина на бесплатна бањско-климатска рекреација

Проектот Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија ќе продолжи и во 2014 година. Повикот за користење на услугата за наредната година ќе биде објавен во јануари.  Досега за четири години, период во кој што се спроведува овој проект, можноста за користење на услугата бањско-климатска рекреација ја искористиле 5.500 лица за што од буџетот биле издвоени 30 милиони денари. „Пројавениот интерес на корисниците на пензија за користење на услугите во 2010, 2011, 2012 и 2013 година потврдува дека има потреба од продолжување на проектот и во наредната 2014 година за што…

повеќе...

Охриѓани го искористија за прошетка убавиот сончев ден

Пролетните температури ги намамија охриѓани да го искористат денот за прошетка. Нашите сограѓани уживаа на пријатното сонце, најчесто на клупите покрај кејот, каналот, Биљанините извори. За денес метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд и мал пад на температурата, но веќе од наредните денови следува постабилно време, каде што нашите сограѓани, а и гостите ќе може повторно да го искористат убавото и сончево време. WebOhrid

повеќе...

Три илјади деца ја искористиле можноста за бесплатен одмор

Вкупно 3.000 деца од семејства во социјален ризик ја искористиле можноста да отидат на  бесплатен одмор и рекреација на трошок на државата. Од нив, 2.000 деца биле на летување во 2012 и 1.000 на зимување во јануари 2013 година. „Како Влада исклучително сме задоволни од реализацијата на овој проект бидејќи се помина во најдобар ред, без непредвидени ситуации и проблеми. Во неколку наврати ги посетивме дечињата во одморалиштата, при што видно беше задовиолството кај нив особено затоа што многу од нив за прв пат во животот имаа можност да одат…

повеќе...