Делегација на Ромите во посета на Општина Охрид

По повод Светскиот ден на Ромите-8 април, делегација на Демократските сили на Ромите од Охрид и НВО „Светлина“ остварија средба со градоначалникот Никола  Бакрачески.

На средбата градоначалникот Бакрачески беше запознаен со работата на партијата и невладината организација.

Исто така беа разгледувани и понатамошните активности кои треба да ги преземе Локалната самоуправа во поддршка на нивните активности во декадата на Ромите. Градоначалникот Бакрачески изрази уверување дека натамошните активности ќе донесат нови можности за вклучување на ромската заедница во развојот на Охрид.