„ВМРО ДПМНЕ победи во Градот Скопје, Битола, Велес, Бутел, Ѓорче Петров, Кавадарци, Делчево, Берово, Богданци, Дебарца, за првпат на локални избори победа во Дебарца, Јегуновце, Карбинци, Кочани, Лозово, Ресен, Старо Нагоричане“, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес конференција во седиштето на партијата.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ имаше историска победа, која е заслужена поради добро одработениот предходен мандат, програмата, но и чесните и вредни градоначалници и советници.
Груевски потенцираше дека освојувањето на 56 градоначалници и на рекордните 445 000 гласови е историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
„На минатите избори мислев дека тоа е максимумот што може да се направи, но се покажа дека ако во мандатот се работи искрено, ако се направат резултати, граѓаните знаат да го ценат и да го наградат трудот на тој што дава се што е во негова моќ. Ова е порака до сите нас кои работиме на различни функции на централната власт и локалната власт дека со одговорност за тоа што си го ветил може да се продолжи со успеси“, рече Груевски.
WebOhrid