Игор Трајкоски е новиот градоначалник на Општина Дебарца. По цели 16 години, од владеењето на СДСМ, Општина Дебарца од вчера има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Жителите на Дебарца избираа градоначалник помеѓу досегашниот градоначалник на СДСМ Љупчо Којчиноски и Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Гласањето се одвиваше на 28 избирачки места, а право на глас имаа 4.569 граѓани.
WebOhrid