Демант на Центарот за социјална работа Охрид за вчерашниот инцидент

Во интерес на објективно и целосно запознавање на јавноста во врска со инцидентот од Центарот за социјална работа Охрид, на ден 08.04.2013 година од Центарот за социјална работа информираат дека:

„Лицето А.В. извршител на деструктивните дејствија е на возраст од 47 години и истиот не е корисник на социјална парична помош од 2011 година кога самоволно не извршил обнова на документација за продолжување на правото.

– Не конкурирал на конкурсот за добивање на социјални станови и покрај тоа што во повеќе наврати бил советуван да изврши прибирање на потребната документација и да конкурира. (Попатно напоменуваме дека Центарот врши само прием на документација за доделување на станови, а критериумите и доделувањето се во надлежност на Министерството за транспорт и врски).

– Остварувал права од социјална заштита во форма на социјална парична помош и еднократна парична помош. Центарот интервенирал со поголем износ на еднократна парична помош за реновирање на објектот во кој живеел, а кој што беше опожарен.

– Преку Центарот за социјална работа Охрид беше вработен во „АСП“ Охрид од каде што самоволно напуштил.

– Му беше дадена можност преку Центарот да користи право на оброк во народната кујна, но истиот одбива да го користи тоа право.

– Повеќе од две години на своја волја нема комуникација со ЈУМ Центар за социјална работа Охрид, ниту поднел барање за користење на било какво право од социјална заштита.

И порај тоа што никој од вработените во Центарот не предизвикал повод за неговото агресивно однесување на 08.04.2013 година при уништувањето на техниката и инвентарот со употреба на секира, беа упатувани закани по нивните животи, а со оглед на тоа што дел од вработените се наоѓаа во една просторија на зградата, сериозно беше загозена нивната безбедност и истите се трауматизирани.

Вработените во Центарот за социјална работа целосно се посветени на давање на помош и поддршка на лица кои што се наоѓаат во социјален ризик, во рамките на законската регулатива и стручната социјална работа“. – стои во демантот од вработените при Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Охрид, испратена до медиумите.

WebOhrid