Март 2013 година беше најладен во последните 100 години, соопштуваат метеоролозите.
Најладно беше во централна и североисточна Европа, каде средната вредност на температурата во март беше за 5 °С пониска од повеќегодишниот просек.
На јужниот дел од Европа, на Пиринеите и на северот од Италија март беше од 1 до 3 степени поладен од просекот. Во Германија овогодинешниот месец март бил еден од шесте најстудени од 1881 година.
Во Велика Британија март беше постуден од сите три зимски месеци (декември, јануари и февруари). Тоа последен пат се случило во 1975 година.
Врнежи, двојно поголеми од просекот, регистрирани се на Пиринејскиот полуостров, јужна Франција, делови од Италија и на Балканскиот полуостров.