Македонија е една од земјите со стабилни макроекономски перформанси и во иднина ќе може соодветно да ги сервисира обврските.
Ова е оценката на ММФ чии претставници во изминатите десет дена се сретнаа со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со гувернерот Димитар Богов и со бизнисмените.
Како што изјави денеска Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање пред одбележувањето 21. година постоење Царинска управа, согласно досегашните разговори со ММФ, нема никакви изненадувања и проблеми.
„Констатациите се дека Македонија е една од земјите што имаат стабилни макроекономски перформанси и како таква и во иднина ќе може соодветно да го сервисира својот долг и сите дргуги обврски“, рече министерот, додавајќи дека е задоволен од досегашниот тек на мисијата.
За вторник е закажан завршниот состанок по кој ќе се одржи и средба со новинарите на која шефот на мисијата на ММФ ќе ги изнесе своите оценки.
Актуелната мисија на ММФ е една од редовните за оценка на макроекономските политики и одржливоста на нивото на долгот на Македонија.