Министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев, во Струга им се обрати на финалистите од натпреварот „Нано Материјали – Материјали на иднината“, во организација на Технолошко – металуршкиот факултет. Во првата фаза од овој натпревар се натпреваруваа тимови од 45 средни училишта во Република Македонија, кои учествуваа со повеќе од 250 проекти. Во финалето беа презентирани проектите на 43 тимови кои добиле највисоки оцени во предходната фаза.
Најдобрите тимови и проекти ќе бидат наградени. За првите три места на училишните натпревари наградaта изнесува 2 000, 4 000 и 6 000 денари. Најдобрите на рeпубличкиот натпревар ќе добијат награда од 500, 1 000 и 2 000 евра во зависност од постигнатиот резултат.
Целта на овој натпревар е да се популаризира науката и техниката и да се поттикне натпреварувачкиот дух кај младите и средношколците, нивната иновативност и креативност. Иднината на младите луѓе е во областите кои се учат на техичките факултети. Праксата покажува дека стопанството има потреба токму од ваков кадар. Со откривањето на можностите кои ги нудат наноматеријалите, се надеваме дека голем дел од учесниците на натпреварот, ќе бидат мотивирани се запишат на овој факултет и во иднина ќе ја развиваат нанотехнологијата. Нанологијата секојдневно на пазарот исфрла нови машини и уреди кои имаат вградено вакви соединенија или користат некои од нив за своите процеси, а овие материјали се произведуваат во новите високо-технолошки фабрики кои се дел од инвестициите што доаѓаат во Македонија.
“На мое големо задоволство, средношколците и нивните ментори покажаа голем интерес за натпреварот „Нано Материјали – Материјали на иднината“ и јас би ја искористил оваа прилика да ги поттикнам и во иднина вака активно да учествуваат, а на финалистите да им посакам многу среќа во денешниот натпревар” – им порача на учесниците Министерот Кралев.