Во Кина отворена најголемата зграда на светот

Во Кина е отворена најголемата зграда на светот. The New Century Global Center е името на градбата која оваа недела е отворена во кинескиот град Ченгду. Долга е 500 метри, широка 400 метри и висока 100 метри.

Моментално во зградата има воден парк, шопинг центри, канцеларии, хотели и едно „лажно“ медитеранско село.