Општина Охрид како учесник во проектот „Градот, Јазикот и Културата“ денес беше домаќин на делегацијата од училиштето „Билкент“ Анкара, Р. Турција.
На средбата се разговараше за досегашните соработки, идното продлабочување на меѓусебните односи, а стана збор и за продолжување на проектот „Градот, Јазикот и Културата“.
Турската делегација на денешната средба имаше можност да го промовира и првиот дел од донацијата наменета за училиштето „Братство Единство“, која ќе се одвива во неколку етапи. Најпрвин донирани ќе бидат средства за опремување на училница која ќе биде катче во кое најмладите ќе можат да поминуваат дел од своето време.
Претставниците на Општина Охрид дадоа целосна поддршка на проектот и изразија надеж за понатамошна соработка во делот на образованието.