Трајкоски од денес е новиот градоначалник на општина Дебрца

Во административната зграда во село Белчишта, Општина Дебрца денес се изврши свечено примопредавање на градоначалничката функција на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајкоски.

Новиот градоначалник Трајкоски доаѓа на местото од досегашниот градоначалник од редовите на СДСМ Љупчо Којчиноски.

„Вие сте сведоци на денешното примопредавање на функцијата градоначалник на општина Дебрца. Голема благодараност до граѓаните на општина Дебрца што ја искажаа довербата на овие локални избори и ми дозволија во наредниот мандат да покажам и докажам нови дела кои што ќе се релизираат. Воедно ви укажувам дека вие ќе бидете мој критичар и исто така мојот коректор на работата во овие 4 години“. – истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Денес беа врачени и уверенијата на советниците во новиот совет на општината. Во новиот совет на Општина Дебрца влегуваат 11 советници.

WebOhrid