Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, денеска оствари работна средба со претставници на меѓународниот саем на вино Жупска Берба од Александровац, Република Србија. Делегацијата предводена од Г-динот Југослав Стајковец, директор на меѓународниот саем за вино, му ја честиташе функцијата на Градоначалникот Бакрачески со желба меѓусебната соработка помеѓу двата градови во иднина да се издигне на едно многу повисоко ниво.
Градоначалникот на Охрид, Г-динот Бакрачески заблагодарувајки се на честитките го прифати ваквиот предлог со заеднички заклучок дека ваквите партнерски односи на меѓусебна соработка ќе ни овозможат бенефит во поголем број на стопански дејности: туризам, локален развој, заеднички настап пред странски партнери, трговија и размена на искуства. Во таа насока беше договорено Охрид да стане партнер на градот Александровац во реализацијата на годинешниот меѓународен саем на вино, Жупа 2013.