Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за попис на пчеларниците до 01.05.2013 година, а рокот за доставување на податоците од пописот до ветеринарното друштво до 15.05.2013 година.
Согласно член 41-а од Законот за ветеринарно здравство (Службен весник на Република Македонија бр.123 од 02.10.2012 година), одгледувачот е должен да склучи договор со ветеринарно друштво кое е распределено за работа во населеното место или со било кое ветеринарно друштво по негов избор. Ветеринарното друштво со кое одгледувачот на пчели склучил договор ќе ги внесе податоците од извршениот попис во електронската база на податоци. Истото ветеринарно друштво ќе треба да изврши и преглед на пчелните заедници на присуство на Американска чума на пчелното легло.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе почне со потпишување на договорите со овластените ветеринарни друштва на 22.04.2013 година, по што одгледувачите на пчели ќе може да го изберат ветеринарното друштво со кое ќе склучат договор.