Кипар ќе отвора коцкарници за да ја зајакне економијата

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис истакна дека во земјата ќе се отворат коцкарници и дека ќе се зајакне туризмот за да ја подобри економијата.

Анастасиадис ја објави првата серија на мерки за стимулирање на економскиот раст, кој сопред предвидувањата, до 2015 година ќе се намали за 13%.

Тој исто така истакна дека Кипар на компаниите ќе им даде даночни олеснувања доколку вработат нови работници и да воведат паркови со соларна енергија. На младите ќе им биде дадена државната и црковната земја за обработување, а оние на кои им се запленети куќите или фирмите ќе можат да ги користат истите под закуп.

Кипар минатиот месец прифати кредит од 23 милијарди евра од своите партнери од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.