Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 27.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Гоце Делчев„ (бараки).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Во месеците мај и јуни се продолжува со акциите за подигнување кабаст отпад. Воедно се информираат граѓаните дека заради претстојните Велигденски празници акцијата за кабаст отпад за „Стар Град„ која беше испланирана за 04.05.2013 год. ќе се реализира на 11.05.2013 год., за што граѓаните благовремено ќе бидат информирани.