Санирани оштетувањата на споменикот на Ден Долард

Екипите на ЈП „Нискоградба“ денес  извршија санирање на спомен обележјето  на холандскиот писател А. Ден Долард.

Писателот Ден Долард важи за еден од најзначајните промотори на Македонија во неговата земја. Романот „Свадбата на седумте Цигани“ е единствената книга од А. ден Долард, која е преведена на македонски јазик, а во неа е опишана љубовната приказна помеѓу една млада охриѓанка и фотограф кој конечно успева да ја најде љубовта на својот живот.

Ден Долард при честите посети во Охрид стекнал многу пријателства и познанства, а токму неговата воодушевеност од Охрид е причината за добрите македонско – холандски врски.

Споменикот беше откриен во 2006 година, а на свеченоста присуствуваа и потомците на А. Ден Долард од Холандија.

DenDolard2WebOhrid