СОНК Охрид оствари меѓународна синдикална средба со Синдикатот за образование на Србија

Вчера, во хотелот “Денариус” во Охрид, претставници на Регионалниот Одбор на СОНК од Охрид остварија меѓународна синдикална средба со свои колеги –просветари  и претставници на Синдикатот за образованиее на Србија (СОС). Во  пријатна работна атмосфера и македонските и српските синдикални лидери  ги презентираа своите активности и приоритети во поглед на правата на просветните работници, при што беа разменети различни и слични искуства  на обата Синдиката.

Најмногу се разговараше на темата комуницирањето со работодавците и ефектите од  тие разговори и преговори. Со посебна жар и српските синдикални претставници  зборуваа за екстерното оценување и за интегралната инспекција кај нив, за што рекоа дека им бараат премногу ситници и за секоја од нив се бодира секој наставник, нешто слично со актуелните кај нас правилници и т.н. докази за утврдените оценки преку кои ќе се оценува македонскиот наставник. Во овој контекст, во Србија е воведен пилот-проект за т.н. плаќање и наградување по учинок, нешто слично што кај нас се воведе во здравството. Едно од искуствата  во Србија е и платеното претседателствување на синдикалниот лидер кому за 12% му е зголемена платата за време на синдикалниот лидерски мандат, додека нашиот македонски синдикален лидер ја нема таа привилегија, односно таа финансиска поткрепа.

Покрај овие жешки теми, синдикалните македонски и српски лидери на средбата разговараа и за можна соработка на  синдикален план, при што од српска страна нивните  претставници упатија покана охридските синдикални лидери да ја посетат Србија и да бидат гости на регионалниот синдикат во Лесковац и да искористат можност за размена на  нови искуства како и да ги споделат овдешните позитивни искуства од добрите релации СОНК – Локална самоуправа и искуствата со упорните  барања на СОНК кај Министерство за образование за подобрување на условите и олеснување на потешкотиите во воспитно-образовниот процес охридските синдикални лидери ја прифатија поканата и најверојатно таа  меѓународна синдикална средба во Србија ќе се случи  кон крајот на  месец мај оваа година.

SonkOhrid1 SonkOhrid3фото: Дим Дон