Плоден викенд за охридските стрелци

Плоден викенд имаа охридските стрелци од двата клубови на двата натпревари што се одржаа во Сандански, Р.Бугарија и во Штип.

Гоџоски Мартин од СК „Охрид“ кој за првпат настапува на овај  меѓународен турнир што се одржа во Сандански, Р Бугарија го освои златниот медал во јуниорска конкуренција со резултат од 553 кругови. Кирил Миленкоски (531) заврши на четвртата позиција, додека пак Васко Попоски на седмата(525). 

Нина Балабан во јуниорска категорија овојпат мораше да се задоволи со  третото место  со резултат од 379 кругови. Гоџоска Верица (366) и Ангела Алексоска (350) завршија како петтопласирани во своите категории. И во екипен пласман јуниорите од СК „Охрид“ со резултат од 1609 кругови на првата позиција, додека пак јуниорките завршија како второпласирани со резултат од 1095 круга. На турнирот учество зедоа клубови  од Македонија и Р. Бугарија и се пукаше по старите правила на ИССФ.

Во Штип пак на третиот по ред Куп во гаѓање со воздушна пушка-национална програма повторно доминација на СК „Охрид“ во пионерска категорија. Екипата во состав: Маркоски Ѓоко,  Димоски Дарко и Димоски Виктор го освои првото место со резултат од 478 кругови, додека пак четвртопласирана заврши екипата на ЖСК „Лихнидос“ во состав Јаков Јованоски, Јован Матески и Христијан Бајмакоски.

Во поединечен пласман две втори и две трети места за стрелците од СК „Охрид“.

Пионери:

Второ место за Дарко Димоски со резултат од 166 кругови, а трето место за Маркоски Ѓоко кој имаше исти број на кругови но со послаба втора серија.

Кај пионерките Јана Маркоска се пласира на второто место со резултат од 170 кругови, додека пак Емилија Маркоска заврши како третопласирана со резултат од 166 кругови.