НВО „МУЛТИЕТНИК ГРУП“ ќе се формира во Охрид

Во Охрид ќе се формира нова невладина организација „МУЛТИЕТНИК ГРУП“. Во ова невладина организација ќе членуваат видни интелектуалци, од речиси сите етнички заедници кои егзистираат во град Охрид. Нивна основна цел ќе биде подигнување на демократското ниво, почитување на правото, развивање и негување на меѓуетничкиот соживот и почитување на различните култури на етникумите.

Од иницијативниот одбор, за WebOhrid, велат дека подрачјето на дејствување ќе биде регионално, во градовите Охрид, Ресен, Струга, Кичево и Битола, од каде што искрено очекуваат поддршка од сите градоначалници на овие градови. Од таму истакнуваат дека се отворени за пристапување на сите граѓани кои го негуваат заедничкиот соживот во Охрид, но и во Република Македонија. Како иницијатори на оваа НВО, се појавуваат д-р Ана Тасеска, Демир Далип, Ацо Мојсоски, Илмије Мисими и многу други личности.

WebOhrid