Предновогодишен и несекојдневен тренинг во вода на РК „Седмерец“ Охрид

Членовите на ракометната школа „Седмерец“, Охрид одржаа несекојдневен тренинг, невообичаен за она што секој тренинг го работат во спортска сала. Овој тренинг членовите на „Седмерец“ го одржаа во еден подруг амбиент, односно во затворениот базен во хотелот Тино.

Професорките Катерина Стојаноска и Олгица Грозданова Зиврев дојдоа до оваа идеја се со цел на членовите од Школата за ракомет да им приредат едно предновогодишно и несекојдневно изненадување- тренинг во вода со што ја заокружија 2015 година.

„Тренингот во вода, односно вежбањето во вода треба да се практикува преку целата година, бидејќи тоа е најдобриот начин за одржување на кондицијата, правилен начин за развој на сите мускули од телото, опуштање по стресни ситуации и воопшто, зачувување на здравјето“ – вели проф. Катерина Стојаноска.

„Ваквото изненадување за малите ракометарчиња односно иднината на охридскиот ракомет немаше да се реализира доколку во пресрет не ни излезе генералниот менаџер на х. Тино“ Борис Маркулевски“– додаде проф. Стојаноска.

1932059_10208585639827711_363699877_n

Презадоволна од дружбата и од задоволството кое се чувствуваше од сите членови на „Седмерец“ беше и проф. Олгица која истакна: „Тренингот во вода е воедно и дружење, искористување на слободното време, јакнење на сигурноста во себе и се надеваме дека вакви тренинзи ќе одржуваме и во иднина“.

Петар Цаноски вели дека е презадоволен од тоа што во овој период имал можност да плива и да прави интересни вежби во вода во зимен период.

1059389_10208585680868737_878193218_n

„Со нетпрение го очекувавме денешниот ден и сакаме тренерите повторно да не донесат тука“ – велат Габриела и Ивона.

1075070_10208585692309023_797253820_n„Пресреќни сме што денес сработивме еден интересен тренинг, секако сакаме да имаме повторно ваков тренинг, барем еднш во месецот“ додаваат Христијан и Ирена.

1061068_10208585702789285_1191827293_n

WebOhrid