За време на запознавањето еден со друг, повеќето луѓе го забораваат името на лицето со кое се запознале пред само неколку минути.
Научниците од Универзитетот во Сасекс сметаат дека не станува збор за нешто непростливо или нешто од кое треба да ни биде непријатно, бидејќи така функционира нашиот мозок.
Имено, тој е преоптоварен со разни податоци, па така, ако нашиот мозок „процени“ дека некоја информација не треба да се меморира, тогаш логично е што веднаш се заборава.
Студијата спроведена на Универзитетот во Сасекс покажала и дека, доколку во текот на меморирањето нешто ни смета, тогаш податокот кој би требало да го запомниме нема да биде формиран како сеќавање.
„Научниците долго време се прашуваа зошто доаѓа до овие мемориски пропусти. Создавањето на меморијата е енергетски долготраен процес. На мозокот му преостанува да „одлучи“ дали таа информација е вредна, за да вложи енергија за консолидација на тоа сеќавање“, – смета д-р Илдико Кеменес.
Очигледно овој механизам го штити мозокот за да не се преоптовари со информации, а го заборава се она што е непотребно.