Запленет риболовен алат, мрежи и риби на Дебарско Езеро

Државниот инспекторат за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата известува дека на ден 29.04.2013 год во периодот околу 22 часот во заедничка контрола извршена од страна на овластени претставници на концесионерот на рибниот фонд на Дебарско Езеро – З.З Охридска Риба од Струга и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид во водите на Дебарско Езеро на реонот помеѓу с.Џепиште и с.Отишани,  затекнати се 23 рибарски мрежи со различна должина по мрежа, кои мрежи служат за лов на различни видови на риби: крап, клен, скобуст и карас. Во мрежите затекнати (уловени) се 11,3 кг разновидна риба, која риба заедно со затекнатиот риболовен алат – мрежи е предаден на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид и истиот ќе биде предаден на Агенцијата за одземен имот – Скопје.

Од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид за настанот ќе биде известен СВР – Охрид со чија помош ќе се утврдува идентитетот на сторителите.

Надзорите на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид ќе се интензивираат во наредниот период на повеќе риболовни подрачја и зони во регионот, посебно за време на мрестот на краповидните (ципринидни) видови на риба, за што укажуваме на потребата концесионерите и рекреативните риболовци да вршат доследна примена и почитување на Законот за рибарство и аквакултура како и подзаконските акти од истиот.