Авион се сруши за време на аеромитинг во близина на Мадрид, а во несреќата загина 35 годишниот пилот. Тој почина како резултат на тешките изгореници. Него пожарникарите успеале да го извлечат жив, но покасно им подлегнал на повредите во болницата Гетафе.
Портпаролот на аеродромот изјави дека во неделата на митингот присуствувале околу 3000 луѓе кога авионот се сруши и се претвори во огнена топка.
На снимката, се гледа како авионот паѓа и над хангарот се издигнува пламен и чад. Други детали за несреќата не се соопштени.