Каде отплови платформата, има ли вести од дното на Езерото?!

Поминаа 40 дена откако големата истражувачка платформа на чело со германско-американскиот тим навлезе длабоко во Охридското Езеро… Што ли се случува таму некаде на средината на нашето заштитено Охридско Езеро, можеме само да претпоставуваме гледајќи ја оддалеку силуетата на натоварената платформа која имаше за првична цел да го истражи длабински езерото и да ни ја потврди неговата старост и промените кои настанувале под разни внатрешни и надворешни природни влијанија.

До каде се истражувањата и што токму сега се случува на дното од езерото е прашање кое го поставуваме до надлежните координатори и соработници на Проектот… Одговорот ќе го побараме и дознаеме најскоро штом стручните лица од Платформата стапнат на копно – на Брегот на езерото.

WebOhrid