Во Алтајскиот регион на Сибир, после неколку топли денови и температура од 30 степени целзиусови, денес беше забележан ненадеен пад на температурата проследен со врнежи од снег.
Во Барнаул, снегот ги покри леите со лалиња, пренесува „Гласот на Русија“.
Се очекува во наредните неколку денови температурите да се спуштат и до минус два степени целзиусови.